Рамос го избра најдобриот гол во кариерата! ?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос покажа дека и еден фудбалер кој игра на стоперската позиција може да биде ефикасен, откако во претходниот период тој го постигна неговиот 100-ти гол во дресот на „кралевите“.

Капитенот на Реал во прв план го истакнува тимскиот успех, но избра еден гол кој му е омилен во кариерата.

„Рекордите и статистиката се интересни, но за мене главна работа се победите на тимот. Се надевам дека уште долго ќе играм и ќе постигнувам голови. Секој гол за мене е као мое дете. Не е лесно да се избере еден, но постои еден посебен. Погодокот кој ја дефинираше мојата кариера – тоа е оној во Лисабон“, изјави Рамос.

Голот за кој Рамос зборува го постигна во финалето од Лигата на шампионите во 2013/2014 во 93. минута против градскиот ривал Атлетико.