Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос стана фудбалер со најмногу настапи во дресот на Шпанија, откако во саботата против Норвешка стигна до 168. настап, со што на вечната листа го надмина поранешниот соиграч Икер Касиљас.
Рамос од 2005 година настапува во дресот на репрезентацијата на Шпанија, а за 14 години освои три големи шампионати, меѓу кои два пати Европското првенство и еднаш Светското првенство, што е голем успех.
Фудбалерот на „кралевите“ е на делба на второто место со Хуартадо од Еквадор на листата на фудбалери со најмногу настапи во репрезентацијата, додека на прво место е Ахмед Хасан од Египет со 184 настапи за селекцијата на Египет.