Рамос има „бланко чек“ поради кој ќе си замине од Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Новинарот на „Ел Чирингито“, Хозе Алварез тврди дека Серхио Рамос ќе го напушти Реал Мадрид. Тој во својата емисија кажа дека постои 80 проценти можност Шпанецот да си замине од гигантот.

Рамос има 34 години и во Реал сметаат дека е време за разделба, без разлика на тоа што Шпанецот е легенда на клубот и игра неверојатно.

Дефанзивецот и сам е свесен дека е пред крајот на кариерата и има шанса за уште еден добар договор. Како што беше објавено, ПСЖ ќе му понуди „бланко чек“, што значи дека може да избере сам каков договор сака.

Ќе добие можност сам да реши на колку години ќе потпише договор, а се шпекулира дека тоа ќе биде на две години. Па, со ова се отвора голема можност за преселба во Париз на лето, но засега нема официјална потврда.