Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Лионел Меси минатата недела ја освои рекордната шеста „Златна топка“, која ја доделува „Франс Фудбал“.
Меси е првиот фудбалер во историјата кој успеал да освои шест такви награди, а зад него е Кристијано Роналдо со една помалку.
И овој пат имаше многу дилеми а тоа дали ја заслужил наградата, а зад Меси останаа Ван Дајк, Роналдо и Мане.
Меѓутоа, јасно е дка секогаш има такви кои се бунат за добитникот на наградата, а интересно решение смисли Серхио Рамос.
„Треба да направиме три такви награди. Една за Меси, една за Роналдо и една за сите останати“, се пошегува капитенот на Реал Мадрид.