Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос е еден од играчите кои нема да настапат на Европско првенство и ќе одморат летово.
Рамос остана без титула во Ла Лига, откако неговиот Реал Мадрид заврши втор на табелата, а набрзо стигна уште една непријатна вест.
Дефанзивецот нема да игра на Евро2020, но ќе добие доволно време за одмор и простор за размислување каде ќе ја продолжи кариерата.
Рамос има договор со Реал до крајот на јуни и засега нема постигнато нов договор за продолжување на соработката.
Во меѓувреме Рамос своето тело го украси со уште една тетоважа, а интересно е тоа што му ја посвети на уметник.
Тешко е да се пронајде дел од телото на Рамос, на кој нема тетоважа, но сепак пронајде за уште една.