Рамос имаше успешна операција, пропушта важен дел од сезоната!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид остана без неговиот капитен Серхио Рамос, кој имаше успешна операција на левото колено, по што му следи рехабилитација до седум недели.

Рамос долго време имал болка во коленото, која веќе станала неиздржлива, па поради тоа мораше да прави операција за да не се искомплицира дополнително работата.

Рамос ќе паузира седум недели и ќе пропушти важен дел од сезоната, меѓу кој и натпреварите од Лигата на шампиони против Аталанта, но и неколку дуели во Ла Лига.

Капитенот на Реал Мадрид за последен пат на теренот излезе на 14 јануари.