Рамос испрати моќна порака до Марсело по заминувањето од Реал Мадрид (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот дефанзивец Марсело си замина од Реал Мадрид, а тоа предизвика реакција од шпанскиот стопер Серхио Рамос, кој испрати порака до неговиот поранешен колега.

Рамос минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега му честиташе на Марсело за успешната кариера во шпанскиот гигант.

„Брате, денеска кажуваш збогум, но твоето наследство е вечно. Честитки за тоа што го постигна“, напиша Рамос и објави фотографија на Инстаграм.