Рамос избра клуб во кој ќе ја продолжи кариерата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на Серхио Рамос, кој не може да се договори со Реал Мадрид за продолжување на актуелната соработка.

Очигледно Шпанецот нема намера повеќе да преговара со „кралевите“, кои не сакаат да му го продолжат договорот на уште две години со истата плата.

Рамос има неколку понуди, а наводно е подготвен да ја прифати таа од ПСЖ, кој му нуди двегодишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона.

„Марка“ тврди дека тешко работите можат да се променат во следните месеци, па во моментов Рамос е многу блиску до преселба во Париз.