Рамос: Лага е сè, платата не ми е 15 милиони евра, не добив никаква понуда!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос на лето ќе остане без договор од Реал Мадрид, а медиумите шпекулираат дека шампионот не планира да му ја продолжи соработката на капитенот.

Засега нема никаква понуда за Рамос, но се очекуваат преговори во следниот период, иако Шпанецот веќе е слободен да преговара со другите тимови доколку сака.

Рамос во изјава за шпанските медиуми зборуваше на оваа тема и објасни некои работи.

„Лага е дека платата ми е 15 милиони евра и не е вистина дека сум добил понуда уште во март“, кажа Рамос.

Секако, ќе биде интересно да видиме што ќе се случи со дефанзивецот, кој е голема желба на ПСЖ и има намера да му ги исполни условите.