Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ вчера објави дека Кристијано Роналдо и Серхио Рамос не се во најдобри односи бидејќи Шпанецот го поддржал Лука Модриќ во изборот за најдобар фудбалер во светот за 2018 година.
Тогаш наводно се скарале тие двајца, па Рамос и Роналдо претходните две години не разговарале, а синоќа се сретнаа по мечот меѓу Португалија и Шпанија.
Тие си ги разменија дресовите, а Рамос имаше и порака на Инстаграм.
„Уште сме тука и доаѓаат уште многу работи. Мило ми е што ве видов, пријатели“, напиша Рамос покрај фотографијата.