Рамос на слатки маки: Шпанецот го уценува Реал Мадрид, има богата понуда од Кина…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос донесе немир во Реал Мадрид. Тој сака подобар договор, а во моментов се шпекулира за негово заминување во Кина.

Рамос, наводно, во новиот договор сака зголемување на платата од 12 на 18 милиони евра. Додека во исто време Шпанецот има понуда од Гвангжу Евергранде кој му нуди двегодишен договор со плата од 22 милиони евра по сезона.

Главна желба на Рамос е да остане во Мадрид, но се поставува прашањето дали Флорентино Перез ќе се согласи на неговите барања.

Досега немаше ниту малку милост за легендите на клубот, а тоа го докажа со Икер Касилјас, Раул, Кристијано Роналдо…