Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Серхио Рамос ќе ја продолжи својата кариера во Европа, и како што стојат работите, многу брзо би можел да се приклучи на својот нов клуб.
Имено, Рамос претходно овој месец го напушти мексиканскиот Монтереј, но веќе на маса наводно има официјална понуда за продолжување на својата кариера.
Раководството на Манчестер Јунајтед ја донесе одлуката со сите сили да тргне по легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, кого го сакаат на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед во понеделник навечер оствари победа од 4:1 против Вулверхемптон и сега се наоѓаат на шестото место на табелата.
Наредниот понеделник ги очекува натпревар против Борнмут на домашен терен и победата би била навистина голема за нив во овој момент.
Сер Џим Ратклиф и ИНЕОС го поддржаа Рубен Аморим со повеќе од 200 милиони евра вредни засилувања во текот на летото, а ќе го поддржат и во јануари.
Средишниот фудбалер е на врвот на списокот кога станува збор за нови играчи, но отворени се и поевтини опции на останатите позиции што би ја засилиле екипата.
Така Аморим би сакал во своите редови да доведе нов стопер и веднаш пред предложи на раководството на Манчестер Јунајтед да го доведат Рамос.
ИНЕОС е подготвен да ја реализира оваа идеја и наводно ќе направи сè само за да го доведат сега кога е слободен фудбалер.
Рамос пред неколку дена ја напушти Мексико и сака да се врати во Европа, а како стојат работите би можел да добие шанса да игра во Премиерлигата.
















