Рамос не мисли на пензија, но ПСЖ веќе го најде неговиот наследник?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ планира наскоро да се засили во нов дефанзивец, а изборот паднал на фудбалерот на Вилјареал, Пау Торес.

ПСЖ сака да ја засили одбраната затоа што не се задоволни од Серхио Рамос, па раководството смета дека Торес е вистински избор за негов наследник.

Овој 25-годишен фудбалер од Вилјареал привлече внимание од многу гиганти во изминатиот период, но на крајот остана во шпанската екипа.

Парижаните, сепак, подготвуваат понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис и сакаат да го обезбедат следното лето. А доколку не успеат во тоа, тогаш ќе тргнат по Гонзало Иначо од Спортинг Лисабон.