Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот фудбалер на ПСЖ, Серхио Рамос откри дека еден човек бил важен за неговото пристигнување во Париз, а тоа е Нејмар со кој водел жестоки дуели додека настапувал Бразилецот за Барселона.
Во интервју за „Л’Екип“, Рамос откри дека тие двајца додека играле во Шпанија имале пријателски односи.
„Разговарав со Нејмар шест-седум години. Играше за Барселона, а јас за Реал Мадрид, но и покрај тоа бевме добри пријатели. Тој ме убеди да потпишам за ПСЖ“, вели искусниот дефанзивец.
Рамос нагласи дека сака да остане и Килијан Мбапе во ПСЖ и по следната сезона, но засега неговата иднина е неизвесна.
„Станува збор за одличен фудбалер кој прави разлика и пред него е светла иднина. Овде има тим кој може да му помогне“, кажа Рамос.