Рамос плачеше како мало дете пред 22.000 навивачи на Севилја (Видео)

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос синоќа беше претставен како ново засилување на Севилја пред 22.000 навивачи на трибините на „Санчез Писхуан“.

Рамос излезе на теренот со бројот „4“ на дресот, а при говорот доби овации и се расплака како мало дете.

Искусниот одбранбен играч кажа дека во Севилја се враќа поради дедо му, татко му и Антонио Пуерта.

Рамос посочи и дека во изминатите години постојано навивал за Севилја, иако го носеше дресот на други екипи.