Рамос разочаран: Не сум задоволен со бодот, бевме подобри од Атлетико Мадрид!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во дербито на седмото коло во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа 0-0, а по средбата Серхио Рамос не беше задоволен со резултатот.

Шпанецот смета дека тие биле подобри на теренот од нивниот градски ривал.

„Мечот беше многу тежок. Знаевме дека ќе биде напорно, но ние игравме одлично. Имавме добри шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Сепак, не сум задоволен со бодот, зашто бевме подобар противник на теренот. Тимот е во одлична форма и така ќе продолжиме“, вели дефанзивецот на Реал.