Рамос се договори и заминува на медицински прегледи во Париз!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Француските медиуми објавија дека Рамос денеска ќе ги направи медицинските прегледи, по што ќе потпише договор со парижаните на две години.

Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос на крајот на минатата сезона реши да го напушти Реал Мадрид по 16 години минати во клубот.

Рамос во Реал Мадрид стигна во 2005 година од Севиља и тоа беше фантастичен потег на „кралевите“. Тој со години беше капитен на тимот, па многумина беа изненадени кога Рамос потврди дека заминува.

Реал не можеше да ги исполни условите кои Рамос ги бараше и на крајот реши дека е најдобро да се разделат. Меѓутоа, иако има 35 години Шпанецот нема проблеми во барање нов клуб.

Рамос ќе ја продолжи кариерата во дресот на ПСЖ, а трансферот ќе биде потврден во следните денови.