Рамос жали поради одлуката и сега би прифатил – сѐ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го промени мислењето за неговата иднина во Реал Мадрид. Искусниот дефанзивец со месеци преговараше за нова соработка со претседателот Флорентино Перез, но не се договори.

Рамос бараше подолг договор, додека Перез му нудеше едногодишна соработка, па преговорите целосно запреа откако договорот не беше постигнат.

Шпанските медиуми тврдат дека Рамос го променил мислењето, па сега е подготвен да ја прифати понудата на „кралевите“ затоа што сака и понатаму да го носи дресот на шпанскито тим.

Рамос сега би го прифатил договорот кој Реал му го нудеше месеци претходно и останува да видиме каков ќе биде одговорот на „кралевите“.

Рамос дури 16 години го носи дресот на тимот од Мадрид, за кој одигра 671 меч и постигна 101 гол.