Рамзи не е единствениот: Паратичи заврши уште еден значаен трансфер за „Старата дама“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од причините зошто Јувентус веќе со години доминира во Италија е одличната трансфер политика, но и добрите односи на фудбалските менаџери поради што многумина играчи со задоволство пристигнуваат во торинскиот клуб.

„Старата дама“ веќе со години бесплатно доведува врвни играчи. Ангажирањето на Арон Ремзи е официјализирано, а ако може да им се верува на тврдењата од Шпанија, по негови стапки би требало да тргне и фантастичниот Адриен Робен.

Иако медиумите во Франција објавија дека играчот за врска веќе се договорил со Реал Мадрид, во Шпанија тврдат дека Јувентус е прв фаворит за негов ангажман.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи и мајката на Рабио која е инаку и негов менаџер веќе ги воспоставија контактите и преговорите како што се наведува се интернзивирани.

Инаку, овој 24-годишен фудбалер не игра веќе некое време во ПСЖ, односно од моментот кога соопшти дека нема да го продолжи договорот со Парижаните. Последниот настап го запиша на 5. декември изминатата година во дуелот со Стразбур.

Изминатите години во Торино, бесплатно пристигнаа Андреа Пирло, Пол Погба, Фернандо Лјоренте, Сами Кедира, Емре Чан…