Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку фудбалери на Манчестер јунајтед не се задоволни со статусот во екипата и поради тоа сакаат да си заминат, а еден од нив е Ентони Марсијал.
Искусниот фудбалер пристигна во Манчестер пред седум години, но сега одби да игра против Астон вила, односно така кажа тренерот Ралф Рангник.
Веќе некое време се бара нов тим за 26-годишниот напаѓач, а англиските медиуми го селат во Јувентус, кој бара замена за Федерико Кјеза.
„Црвените ѓаволи“, сепак, не сакаат да го пуштат Марсијал на бесплатна позајмица и бараат одредена сума на пари од Јувентус, но тоа не ѝ се допаѓа на „Старата дама“.
Во следните денови се очекува нов состанок меѓу клубовите, по што ќе биде јасно дали Марсијал ќе ги засили „бјанконерите“.