Рангник дојде на тренинг на Манчестер, но на него немаше никој!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот тренер Ралф Рангник го замени Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер јунајтед и потпиша договор до крајот на сезоната.

Неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ досега не му помогна премногу на тимот, кој игра ужасно во Премиерлигата.

Притисокот во Манчестер е навистина голем, а тоа на своја кожа го почуствува и Рангник на кој му се случи интересна ситуација.

По мечот против Астон вила во понеделникот, Германецот им даде слободен ден на фудбалерите во вторник, но заборавил на тоа.

Рангник се појави во тренинг-кампот на клубот и остана изненаден што нема никој на тренинг.

„Се јавив од својот автомобил за да прашам дали има тестирање на ковид-19, а ми кажаа дека на фудбалерите им дадов слободен ден, по што си заминав“, кажал Рангник.