Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник кажа дека нема да смета на услугите на францускиот фудбалер Пол Погба до крајот на сезоната затоа што тој заработи повреда и го чека подолга пауза.
Французинот најверојатно го одигра последниот меч за „црвените ѓаволи“ бидејќи неговиот договор му завршува на крајот на сезоната, а последниот натпревар тимот го игра на средината на мај.
Проблем за Погба е тоа што ќе мора да паузира околу четири недели и тоа значи дека нема да биде подготвен за следните пресметки на неговата екипа.
„Мислам дека Погба нема повеќе да заигра оваа сезона. Докторот ми кажа дека тој мора да одмори најмалку четири недели поради повреда“, вели Погба.