Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Ентони Марсијал не ја крие желбата дека сака да го напушти Манчестер јунајтед уште во јануари бидејќи не добива голема минутажа кај тренерот Ралф Рангник.
Марсијал пристигна во Јунајтед пред повеќе од шест години од Монако за 60 милиони евра, но многумина сметаат дека не ги оправдал очекувањата.
Овој 26-годишен напаѓач нема улога на првотимец кај „ѓаволите“, па поради тоа се шпекулира дека сака да го напушти тимот, а тоа го призна и тренерот Рангник.
Германскиот стратег, сепак, на прес-конференција го „пецна“ францускиот напаѓач затоа што кажа дека никој не сака да го купи.
„Марсијал објасни дека е време за промена, тоа за мене е разбирливо, но колку што знам нема ниту една понуда за него од други клубови“, вели Рангник.