Рангник соопштил дека една ѕвезда не сакала да игра, па стигна одговор: Тоа не е вистина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник вчера кажа дека францускиот фудбалер Ентони Марсијал не сакал да биде во екипата за мечот против Астон вила.

Рангник кажа дека Марсијал ќе бил во екипата доколку го сакал тоа.

„Тој не сакаше да биде во тимот. Тоа е причината поради која не е со нас“, кажа Германецот.

Меѓутоа, Марсијал тврди дека не е сè како што кажува тренерот, па испрати порака преку Инстаграм.

„Никогаш не сум одбил да играм за Манчестер јунајтед. Тука сум седум години и никогаш нема да ги навредам тимот и навивачите“, кажа Марсијал.

Марсијал има договор со „црвените ѓаволи“ до 2024 година, а член на екипата стана во 2015 година.