Раниери говореше за кризата на Џеко: Јасно е дека не постигнува голови, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Клаудио Раниери на прес конференцијата повторно говореше за Един Џеко, кој можеби ја игра најлошата сезона во кариерата.

Тој има постигнато само седум голови во италијанската Серија А оваа сезона, а последниот кон крајот на вефруари. Неговиот голгетерски пост во Серија А на стадионот Олимпико трае околу година дена, а Раниери проба да ја смири ситуацијата кажувајќи дека такви сезони се случуваат во кариерите на напаѓачите.

„Видов дека се движи многу добро, но јасно е дека не постигнува голови во моментот. Во животот на напаѓачите постои сезона кога не оди на добро, но јас сум среќен поради него. Се надевам дека против Сампдорија ќе се чуствува добро и дека ќе ни биде од корист“, изјави италијанскиот стратег.

Инаку, освен што на Џеко не му оди оваа сезона, ниту на Волчицата не и оди добро. Тимот од Рим се бори за четвртата позиција за пласман во ЛШ, но како што стојат работите тоа ќе биде многу тешка мисија.

Римјаните утре навечер играат против Сампдорија на гости и ова ќе биде веројатно одлучувачки натпревар.