Рано е за пензија: Хамилтон ќе потпише нов договор со Мерцедес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф најави дека наскоро екипата би можела да потпише нов договор со Луис Хамилтон.

Седумкратниот шампион има договор со Мерцедес до 2023 година, но таа соработка би можела да трае многу подолго.

„Често зборувам со Луис. Пред некој ден ми кажа дека може да вози уште пет години. Знам дека тоа е вистина. Секогаш бил реален кон себе и ќе ми каже ако не се чувствува добро во болидот. Не знам дали некој кога ќе наполни 40 не е соодветен за возач во Ф1. Секако дека тоа нема никаква врска, годините се само број. Погледнете го Фернандо Алонсо“, вели Волф.