Расел искрен: Половина возачи би доминирале како Ферстапен со болидот на Ред Бул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел повторно го „пецна“ светскиот шампион Макс Ферстапен и кажа дека половина возачи во Формула 1 би доминирале исто како него.

Ферстапен ќе тргне од пол-позиција на трката во Холандија, но 25-годишниот Расел не е импресиониран од неговиот ривал.

„Има 10 возачи кои би доминирале и би победиле ако возат во тој болид на Ред Бул. Знам дека Макс ужива во моментов, но да победуваш без многу конкуренција во последните 18 месеци не носи радост. Дури и да почне од 15. место сигурен сум дека ќе победи“, вели Расел.