Расел најави борба за титула: Подготвен сум!


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Џорџ Расел, возач на Мерцедес, истакнува дека се чувствува подготвен за борба за светската титула веќе во 2025 година.

Џорџ Расел е сигурен дека ако има соодветен болид, ќе биде подготвен за освојување на светската титула веќе во 2025 година.

„Апсолутно. Се чувствувам подготвен за освојување на титулата. Сите во тимот се мотивирани. Секогаш кога имавме можност за победа, победивме. Тоа ми дава чувство на самодоверба дека, ако имаме болид за победа, можеме да ја освоиме титулата. Работиме што можеме за да ја искористиме таа можност оваа година,” рече Британецот.