До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, освои денес пол позиција за спринт трката која ќе се вози во рамките на Големата награда на Кина, втората трка од годинешниот шампионат на Формула 1.
Расел, откако беше најбрз на слободниот тренинг, до пол позицијата за спринт стигна со време од 1:31,520 минути.
Од втората позиција спринт трката ќе ја започне неговиот клупски колега Кими Антонели, кој беше побавен за 0,289 секунди, додека трет беше светскиот шампион, возачот на Мекларен Ландо Норис со заостанување од 0,621 секунда.
Четврто време имаше возачот на Ферари, Луис Хамилтон, петти беше вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, додека шести беше Шарл Леклер во Ферари.
До десеттата позиција се уште и возачот на Алпин Пјер Гасли, Макс Верстапен во Ред Бул, возачот на Хас, Оливер Берман и вториот возач на Ред Бул, Исак Хаџар.
Спринт трката е на програмата утре од 4:00, додека квалификациите за трката започнуваат во 8:00.















