Расел смета дека Ред Бул е фаворит за титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел на подготовките пред првата трка во Формула 1 кажа дека фаворит за титулата е Ред Бул.

На вториот ден од тестирањата во Бахреин најбрз беше возачот на Ферари, Карлос Саинц, но Расел смета дека Ред Бул ќе доминира и оваа сезона.

„Ред Бул е чекор пред другите и ќе биде фаворит за титулата, како што се очекуваше“, кажа Расел.

Првата трка во новата сезона се вози на 2 март за Големата награда на Бахреин.