Рашфорд бега од Манчестер и се сели во Лондон?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд не е задоволен со третманот и на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти премиерлигашот.

За англискиот фудбалер постои интерес од ПСЖ и Барселона, меѓутоа во битката се вклучил и Арсенал.

„Топчиите“ наводно веќе подготвуваат понуда за 24-годишнито Рашфорд, кој сезонава постигна само четири гола во 19 меча во Премиерлигата.

Арсенал во напаѓачот на Јунајтед гледа идеална замена за Пјер Емерик обамејанг, кој потпиша за Барселона, додека тимот од Лондон најверојатно ќе го напушти и Александре Лаказет.

Англискиот репрезентативец има договор со Јунајтед до крајот на следната сезона, а порталот „Трансфермаркт“ процени дека неговата вредност е 85 милиони евра.