Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Постои голема веројатност дека Маркус Рашфорд ќе го напушти Манчестер Јунајтед пред крајот на јануарскиот трансфер период, според британските медиуми.
Барселона се наоѓа во финансиски проблеми и не може да го покрие трошокот за високата плата на Рашфорд. Дополнително, формата на англискиот напаѓач не е на посакуваното ниво, бидејќи од декември нема одиграно официјален натпревар. Иако првично се сметаше дека тие ќе бидат главни заинтересирани за неговиот трансфер, ситуацијата се промени.
Во последните денови на преодниот рок, Астон Вила покажа интерес за Рашфорд. Овој клуб се наоѓа во потрага по замена за Џон Дуран.