Рашфорд поради операција ќе мора да паузира до – октомври!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маркус Рашфорд на неславен начин ја заврши сезоната откако промаши пенал во финалето на Европското првенство, па одморот сигурно добро ќе му дојде за да се рехабилитира психички.

Рашфорд во меѓувреме заминува на операција на рамената бидејќи има скинат мускул. Иако не беше целосно подготвен, сепак Рашфорд сакаше да игра на Европското првенство.

Операцијата нема да биде направена веднаш, па така Рашфорд ќе може на терен да се врати дури за три месеци.

Се очекува враќање на Рашфорд на 23 јули, кога Манчестер јунајтед го игра големото дерби на „Олд Трафорд“ против Ливерпул.

Рашфорд заедно со Џејдон Санчо и Букајо Сако е жестоко критикуван и добива расистички навреди поради промашениот пенал во финалето.

„Имав тешка сезона и мислам дека на сите им е јасно зошто имав мала самодоверба“, кажа Рашфорд.