Рашфорд пред финалето во Лига Купот: Никој не ги памети поразените!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе се бори за трофејот во Лига Купот против Њукасл јунајтед в недела, а пред натпреварот зборуваше напаѓачот Маркус Рашфорд.

Англискиот фудбалер е еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“ оваа сезона.

„Блиску сме до крајот и сакаме да постигнеме нешто оваа сезона. Кога ќе стигнете до финале, а не го освоите трофејот, тогаш залудно сте се труделе. Никој не ги памети поразените. Ќе дадеме сè од себе“, кажа Рашфорд.

Натпреварот се игра в недела од 17.30 часот на „Вембли“.