Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е клуб кој некогаш важеше за еден од најголемите во Англија, но тие денови очигледно одамна поминаа.
Црвените ѓаволи се наоѓаат во криза која клубот не ја памети во последните неколку децении.
Раководството на клубот и трансфер политиката на Манчестер Јунајтед е благо кажано дискутабилна.
Една од последните одлуки што ја донесоа е испраќањето на Маркус Рашфорд на позајмица во ривалот од Премиерлигата – Астон Вила.
Рака на срце, Англичанецот не блескаше во првиот дел од сезоната, а имаше и проблеми со тренерот Аморим надвор од теренот.
Португалскиот стручен кадар му замеруваше за недостаток на дисциплина и неангажирање на овој крилен напаѓач.
Сепак, со преминот во Астон Вила, Рашфорд како да доби крилја и тотално се препороди. Тоа го покажуваат и одредени статистички параметри.
13 – Од неговото деби за Астон Вила на 9 февруари, Маркус Рашфорд создал повеќе шанси во сите натпревари од било кој друг играч во Премиер лигата (13). Препороден. pic.twitter.com/eXjyAAFJEl
— OptaJoe (@OptaJoe) 28 февруари 2025