Рашфорд во судиското продолжение донесе победа на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед успеа со доста маки да го победи Хал Си ти на гостувањето со 1:0.

Елдин Јакуповиќ е вистински јунак во овој меч. Одбрани апсолутно се што му шутираа на голот играчит на Манчестер Јунајтед, но Маркус Рашфорд повторно јунак на гостите.

По ред шутираа, Погба, Мата, Ибрахимовиќ, но фантастичниот голман беше едноставно несовладлив за Црвените ѓаволи во првиот дел од мечот.

Имаа и домаќините два добри обиди, но голови после првиот дел ги немаше.

Продолжението донесе нешто подобра игра на гостите. Руни ги испроба способностите на Јакуповиќ на отворањето на вториот дел, но повторно Елдин е сигурен. Потоа повторно Руни беше непрецизен, а во 74 минута домаќините имаа шанса. Јакуповиќ го спаси и обидот на Рашфорд со фантастична одбрана во 80 минута, спречувајќи така сигурно водство на гостите.

Потоа и две минути подоцна го одбрани својот гол кога за малку сопствен играч да ја затресеше мрежата, а до крајот се закани и Погба, а во судиското продолжение Маркус Рашфорд погоди за победа на Јунајтед од 1:0.