Расистички скандал во Мадрид: Камавинга е поцрн од својот костум!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга во средата беше претставен како ново засилување на Реал Мадрид, откако стигна од екипата на Рен.

Овој 18-годишен играч ќе биде алтернатива за Касемиро, кој веќе долго време нема вистинска замена во екипата, а на неговото претставување се случи скандал.

Познатата новинарка на „РТВЕ“, Лорена Гонзалес заборави да го исклучи микрофонот, а потоа кога мислеше дека никој не ја слуша, таа даде расистички коментар за Камавинга.

„Ова момче е поцрно од костумот кој го носи“, кажа шпанската новинарка и предизвика бурни реакции од јавноста, а нејзината телевизија се извини и соопшти дека ќе ја казни нивната новинарка.