Раскол во Арсенал: Веќе не се знае кој е главен тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал добро ја започнаа сезоната во Премиер Лигата каде што имаат неколку победи по ред, но потоа доживеаа потполно фијаско.

Лондонскиот клуб е во очајна форма и во последно време има дупло помалку бодови од лидерот на табелата. Навивачите на Арсенал секоја сезона имаат големи очекувања и сигурно не очекуваа ваква лоша серија на резултати.

На удар се најде шпанскиот стручњак Унаи Емери за кој многумина веруваат дека нема уште долго да се заджи на клупата на Арсенал доколку продолжи со ваквата лоша серија на резултати.

Англиските медиуми утринава пишуваат дека атмосферата во соблекувалната на Арсенал воопште не е добра и дека играчите од овој клуб немаат потполна доверба во Емери. Тоа најдобро го покажува фактот дека тие повеќе се советуваат со неговиот помошник Фреди Љумберг.

Дејли Мејл пренесува дека помладите играчи на Арсенал бараат совети од Љумберг и дека се поретко зборуваат со Емери. Очигледно е дека некогашниот играч на Арсенал има доста поголемо влијание врз фудбалерите отколку самиот тренер што не е нормално за еден таков клуб.

Тоа дополнително покажува дека ситуацијата во лондонскиот клуб не е таква каква што треба да биде и дека можеби е време за промена.