Распад на „граѓаните“: По Гундоган ќе замине Марез, но и уште двајца фудбалери?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Илкај Гундоган е минато за Манчестер сити затоа што си замина од клубот, а следен е Ријад Марез кој е блиску до договор со Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Со заминувањето на Марез нема да заврши егзодусот од „Итихад“ затоа што се шпекулира дека уште двајца фудбалери ќе си ја бараат среќата на друго место.

Еден од нив е Лапорт, кој го загуби местото во првиот тим и сака да се пресели во Серија А. Како негова следна дестинација се споменува Јувентус, но останува да видиме дали „Старата дама“ ќе има доволно пари за неговите услуги.

Бернардо Силва сака да замине, но Барселона нема доволно пари, па Португалецот во моментов бара опција за неговата иднина.