Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Чаби Алонсо е под жесток притисок во Мадрид и лесно може да се случи 44-годишникот да ја напушти клупата на кралскиот клуб. Играчите му го завртеле грбот и бараат негово заминување.
Присутен е приличен хаос во тимот на Реал Мадрид. Ѕвездите на кралскиот клуб, според шпанските медиуми, се незадоволни од начинот на кој екипата ја води Чаби Алонсо и сакаат негово заминување од клупата.
Сè започна од Винисиус Жуниор, потоа незадоволството се зголеми, а тренерот целосно ја загуби соблекувалната.
“Неколку играчи на Реал Мадрид сакаат Чаби Алонсо да замине. Нивниот однос со него е целосно нарушен. Дури и некои од најважните членови на управата сметаат дека е неопходно да го отпуштат”, вели шпанскиот новинар Хорхе Пикон.
“Постојат сомнежи во Чаби Алонсо поради последните резултати и начинот на кој тимот игра. Управата е загрижена поради фактот што голем број играчи му завртеле грб,” велат шпанските медиуми.
Интересно е што Реал Мадрид е на врвот на Ла Лига. Чаби ја предводеше екипата на 23 натпревари со учинок од 17 победи, три нерешени и три порази.
Ако управата на Реал Мадрид реши да му врачи отказ на Чаби Алонсо, тој нема долго да остане без работа. Веќе се знае каде би ја продолжил кариерата.
Ливерпул му ги отвори вратите на 44-годишникот. Резултатите кои ги бележи Арне Слот се катастрофални и нема да биде изненадување ако Холанѓанецот добие отказ.
















