Распад систем: Роналдо игра во најлоша форма во последните 12 години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед продолжи со лошите резултати, па така вчера одигра 1-1 на гостувањето кај Барнли, а Кристијано Роналдо влезе во игра во 68. минута.

Овој 37-годишен фудбалер не успеа да постигне гол и тоа беше негов петти меч по ред на кој не се запишал во листата со стрелци, а тоа исто така е најдолг пост кој го имал во последните 12 години.

Сите навикнаа Роналдо да руши рекорди, но сега стигна до еден негативен. Тој не постигна гол на пет натпревари во 2022 година, а мрежата ја зачуваа Вулверхемптон, Брентфорд, Вест хем, Миделсбро и Барнли.

Такво нешто последен пат му се случи во 2010 година, кога играше за Реал Мадрид, а тогаш го измачија Малага, Мајорка, Осасуна, Ајакс и Реал Сосиедад.

Роналдо ќе има шанса да ја прекине негативната серија во сабота, кога „црвените ѓаволи“ ќе се соочат против Саутемптон.