Распад во Ливерпул: Барселона му краде фудбалер на Клоп!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбискиот интернационалец Луис Диаз долго време е повреден и се наоѓа надвор од конкуренција, па тренерот Јирген Клоп не можеше сериозно да смета на неговите услуги.

Многумина сметаат дека отсуството на Диаз е една од најголемите причини за лошите резултати на Ливерпул и пласманот на шест место со 22 бодови.

Англиските медиуми пишуваат дека Диаз би можел да си замине од „Енфилд“, а заинтересирана за неговите услуги е Барселона.

Каталонскиот гигант го следеше и претходно, но не успеа да го ангажира затоа што Ливерпул им го украде, меѓутоа Барселона не се откажува од намерата да се засили со Диаз.