Распад систем во Париз: И Донарума сака да го напушти ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ летово го загуби Лионел Меси, но очигледно тука не е крајот затоа што се шпекулира дека ќе заминат и Нејмар, Килијан Мбапе и Џанлуиџи Донарума.

Донарума е разочаран затоа што клубот често менува тренери, директори и фудбалери, па имал намера да побара трансфер.

Неговиот потег да го засили ПСЖ не се покажа како најдобар, а притоа ги натера навивачите на Милан да го мразат поради предавството.

Договорот со парижаните му трае до јуни 2026 година, а како негови можни дестинации се споменуваат Јувентус и Манчестер јунајтед.