Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Нема успех за Кристијано Роналдо во Ал Наср. Нема сомнеж дека неговото доаѓање во овој клуб донесе многу на екипата, но не на теренот, туку на маркетинг активностите, Ал Наср стана за кој знае колку стотици или илјади проценти попопуларен отколку што беше порано.
Од друга страна, трофеи и успеси на теренот – нема оваа сезона.
Ал Наср не успеа да се пласира во Лигата на шампионите на Азија, а веќе се појавија шеги на сметка на Кристијано Роналдо кој последниот трофеј со некој клуб го освои во 2020 година кога ги бранеше боите на Јувентус.
Од тогаш, има еден Куп на Италија со тој тим и еден трофеј со Ал Наср кој веројатно е еден од најмалку значајните за него во кариерата – Арапскиот куп.
Се чини дека Роналдо повеќе не може да придонесе со својот квалитет дури ни во Ал Наср…
Веќе се споменува дека може да го напушти клубот на крајот од сезоната, но прашање е кој го сака бидејќи остави Јувентус, Манчестер Јунајтед и сега Ал Ахли во канал.
Фото: Принтскрин