Распродажба во Неапол: Де Лаурентис ќе го продава Кулибали


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ објави дека Наполи има финансиски проблеми кои ќе мора да ги реши ова лето, а претседателот Аурелио Де Лаурентис знае како ќе го направи тоа.

Де Лаурентис сака да се ослободи од богатите договори на дел од фудбалерите, а меѓу нив е и дефанзивецот Калиду Кулибали, кој привлекува интерес на неколку гиганти.

Кулибали зема плата од 11 милиони евра по сезона и тоа дефинитивно го празни буџетот, а поради тоа Де Лаурентис сака да го продаде и притоа да заработи најмалку 70 милиони евра од трансфер.

Кулибали претходно беше желба на многу европски гиганти, меѓу кои беа Манчестер јунајтед, Ливерпул, ПСЖ и Барселона.