Расте интересот за Миовски, Абердин ја одреди цената


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Џенова е заинтересирана за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Џенова бара нов напаѓач, а директорот Марко Отолини планира наскоро да испрати понуда за Миовски.

Абердин, сепак, не попушта во своите барања и одредил цена од осум милиони евра за услугите на Миовски.

Миовски одигра 53 натпревари за Абердин, а притоа постигна 26 голови и четири асистенции.