Раул одби интересна понуда – не сака да му помогне на поранешниот тим!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач Раул Гонзалес по завршување на кариерата остана да работи како тренер, но засега немаше посериозен ангажман во кариерата и остана да работи со младите категории на Реал Мадрид.

Раул сака поголема шанса и конечно пристигна таква, но очигледно не сака по секоја цена да го напушти Мадрид, а тоа го потврдува одлуката да ја одбие понудата на Шалке.

Клубот од Гелзенкирхен има ужасни резултати и оваа сезона, но Раул не сака да се врати да му помогне на поранешниот тим и решил да чека подобра понуда.

Шпанецот играше за поранешниот бундеслигаш во период од 2010 до 2012 година и постигна 40 гола на 97 меча.