„Раул во негово време беше како Меси и Роналдо заедно!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот голман во шпанската Ла Лига, Лео Франко смета дека Раул Гонзалес во неговите најдобри денови бил подобар од Кристијано Роналдо и Лионел Меси заедно.

Аргентинскиот чувар на мрежата со години одлично бранеше за Мајорка и Атлетико Мадрид и без дилема е убеден дека Раул бил најдобар против кого играл во кариерата.

„Најдобар напаѓач за мене беше Раул Гонзалес. Во своите најдобри денови беше како Меси и Кристијано заедно. Тоа беше лудо“, вели Франко.

Аргентинскиот голман ја заврши неговата кариера во 2016 година во дресот на Хуеска.