Разделбата со Пике не е ништо за пеколот кој следи за Шакира


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атрактивната пејачка Шакира пред неколку недели се раздели со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике со кој беше 12 години во љубовна врска, па сега минува низ тежок период.

Таткото на Шакира е тешко болен и ова е дополнителна грижа за колумбиската пејачка, меѓутоа тоа не е ништо за пеколот кој следи за поранешната девојка на Пике, која може да заврши во затвор.

Шакира се наоѓа под истрага на шпанските власти поради затајување на данок бидејќи на државата, наводно, ѝ должела 14 милиони евра.

Пејачката преку своите адвокати се обидува да најде решение и да се договори со властите за да избегне затвор, но ситуацијата воопшто не е добра.

Шакира ќе мора да се појави пред судија и не е исклучена можноста да ѝ биде изречена затворска казна, а слични проблеми во минатото имаа и голем број фудбалери кои играат во Ла Лига.