Раздвижено на „Олд Трафорд“: По Фернандеш и Бишоп во Манчестер Јунајтед стигнува уште едно засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед потврди дека постигнал договор со Спортинг Лисабон за ангажман на Бруно Фернандеш.

Португалскиот фудбалер треба да ги мине медицинските прегледи пред и официјално да стане фудбалер на „ѓаволите“. Блиску до трансфер во Јунајтед е и младиот, 20 годишен голман Натан Бишоп кој ќе игра и за резервите, но ќе тренира со првиот тим.

Сега се поставува прашање дали клубот ќе застане со ангажманот на нови играчи во јануари по овие два транфери.

Каве Солекол од „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед останува во потрага по нов напаѓач, а Ислам Слимани засега е најреална опција, а истиот новинар посочи дека „ѓаволите“ ги продолжиле преговорите со Бирмингем за ангажман на Џуџ Белингем, 16 годишниот вундеркинд за кого се подготвени да платат 25 милиони евра.